Top Sport

Леонардо признава: Мбапе сака да замине, Реал Мадрид се однесуваат „нелегално“

Спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо, потврди дека Килијан Мбапе сака да замине од супер-богатиот клуб, но додава дека Реал Мадрид се однесуваат „нелегално“ во обидот да го добијат Французинот.

Мбапе влезе во последата година од договорот со ПСЖ и нема намера да потпише породлжување, откако според француските медиуми четири пати одбил понуда за продолжување, вклучувајќи ја и последната со која би заработувал 35 милиони евра по сезона.

Реал Мадрид подолго време се заинтересирани за 22-годишниот Французин, и според шпекулациите вчера поднеле понуда од 160 милиони евра за него.

„Килијан Мбапе сака да замине, тоа изгледа јасно. Ако Реал Мадрид дадат понуда, тоа исто така е јасно. Не можеме, една недела пред крајот на преодниот рок да ги менуваме плановите. Ако сака да замине, ќе го пуштиме, но според нашите услови. Нашата позиција секогаш беше јасна, да го заддржиме, да му го продолжиме договорот. Му дадовме две значителни понуди на Килијан, една на нивото на врвните фудбалери во нашиот тим пред два месеци, и една над тоа ниво неодамна. Сакаме да му докажаме дека е во центарот на нашиот проект, но не е над проектот. Реал, пак, имаат статегија да добијат негативен одговор од нас, да покажат дека се обиделе да го добијат и следната година да го добијат бесплатно. Последните две години се однесуваат така, и тоа не е коректно, дури е и нелегално бидејќи контактирале со фудбалерот. Неприфатливо“, вели Леонардо за радио „РМЦ“.

Тој додава дека Реал даваат многу под цената која би ја прифатиле ПСЖ, посебно бидејќи во 2017, тие платија 180 милиони евра на Монако да го добијат (втор најголем трансфер по тој на Нејмар од 222 милиони евра).

„Да, ги одбивме вербално. Ако некој сака да замине според нашите услови, тогаш ќе видиме. Креиравме сон со нашите играчи ова лето и нема да дозволиме некој да го уништи. Оваа понуда е далеку од тоа што претставува Килијан денеска. Исто така дел од тие пари должиме а Монако и сметаме дека понудата не е доволна. Не можам да ја потврдам цената, но некаде тука е. Тоа е помалку од сумата која ние ја плативме, но однесувањето на Реал не ни се допаѓа“, додава Леонардо.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top