Истиот ден кога Милан потврдија дека Паоло Малдини и Звонимир Бобан се новите директори на клубот, поранешниот прв човек на Милан, Бразилецот Леонардо го официјализираше своето враќање во Пари Сен-Жермен во улога на спортски директор.
По потврдата дека Антеро Енрике заминува во петокот попладне, францускиот шампион преку Твитер потврди дека Леонардо се враќа во клубот. Леонардо од 2011 до 2013 година беше одговорен за трансфери во Париз, носејќи ги на „Паркот на принцовите“ Марко Верати, Златан Ибрахимовиќ, Тијаго Силва и Салваторе Сиригу.
Бразилецот минатата сезона беше спортски директор на Милан, но си замина во мај заедно со тренерот на тимот, Џенаро Гатузо.
? “ANNOUNCE LEONARDO!”
?♂️ OK…
? Welcome back, @leo_de_araujo! pic.twitter.com/8gEyBNjMqw
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) June 14, 2019