Top Sport

Леонардо Жардим стана „експерт“ за откази и убави отштети

Откако вчера вторпат доби отказ од Монако, Леонардо Жардим барем може да се утеши со 16-те милиони евра кои ги доби од тимот од малото кнежевство во руска сопственост.

Португалецот Жардим доби отказ и покрај тоа што пред зимската пауза со 5:1 го победи Лил, и Монако се реши да го смени со поранешниот шпански селектор, Роберт Морено.

Жардим донесе титула за Монако во 2017 со тим во кој беа Килијан Мбапе, Бернардо Силва и Фабињо, но по лошиот старт на 2018/19 доби отказ со осум милиони евра отштета. На негово место дојде Тјери Анри, кој имаше уште покатастрофални резултати, пред Монако да го вратат Жардим во јануари и тој да обезбеди опстанок во лигата. Сега, неполна година подоцна, тој вторпат добива отказ, за што добива уште 8 милиони евра.

Scroll to Top