Top Sport

Трофејот од Монпелје, конечно, во рацете на Цонга

Жо-Вилфрид Цонга го совлада Пјер-Иг Ербер со 6:4/6:2 во француското финале на домашниот Опен Суд де Франс турниро во Монпелје за дај а освои својата прва титула од 2017 година и вкупно 17-та во кариерата.

Седмиот носител Ербер одеше на својата прва титула во сингл, но немаше шанси против искусниот ветеран, кој доминираше од почетокот до крајот на мечот.

Ова е прва титула за Цонга од Антверпен во октомври 2017 година, а исто така тој за првпат победува во Монпелје откако претходно трипати губеше во полуфиналињата од подоцнежниот шампион (2010, 2017, 2018).

Scroll to Top