Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, во редовите на својот поранешен клуб, Селтик, најде напаѓач кој во иднина ќе го наследи 34-годишниот Џејми Варди.
Англсиките медиуми тврдат дека Лестер се блиску да го реализираат трансферот на Одсон Едуард. Интерес за овој напаѓач минатото лето покажуваа и од Арсенал.
Роџерс, го донесе Едуард во Селтик од ПСЖ. Најпрвин тој беше позајмен, а потоа Сетлик за 10,3 милиони фунти го откупија неговиот договор.
Селтик сега ќе го продадат за 15 милиони фунти. Интересно, клубот нема да заработи ништо од овој трансфер, само ќе ги врати парите кои ги издвоија за неговиот трансфер. Кога го купуваа Едуард од ПСЖ, клубовите договорија 30 отсто од наредната продажба да се слеат во касата на ПСЖ.
Едуард, во својата прва сезона во Селтик постигна 23 гола, а во втортата на 47 натпревари постигна 29 гола.