Поранешните шампиони од Премиер лигата, Лестер сити го комплетираа трансферот на тинејџерот од Сент-Етјен, Весли Фофана на со рекорден договор.
Ова е најголема продажба на Сент-Етјен во историјата, бидејќи францускиот 19-годишен дефанзивец ќе направи трансфер за 30 милиони фунти.
„Пресреќен сум што сум тука, а го следев Лестер откако ја освоија титулата и покажаа дека се врвен клуб во Премиер лигата. Имам многу за учење, но имам совршена шанса за тоа“, вели дефанзивецот.
Лестер ги шокираа Манчестер сити со 5:2 во неделата за да имаат три победи во три меча досега под Брендан Роџерс, а оваа сезона тимот ќе настапува и во Лига Европа, каде што се во група со Брага, АЕК и Зорја Луханск.
Leicester City is delighted to confirm the signing of defender @Wesley_Fofanaa from Ligue 1 side AS Saint-Étienne for an undisclosed fee, subject to Premier League and international clearance ??#WelcomeWesley
— Leicester City (@LCFC) October 2, 2020