Top Sport

Лестер го пикирале менаџерот на Селтик

Брендан Роџерс се соочува со отказ. Тој ја има најслабата сезона со Лестер, неговиот тим во првите седум кола во Премиер лигата освои само еден бод.

Роџерс во Лестер пристигна во 2019 година, успеа да ги имплементира своите идеји, неговиот тим играше атрактивен и ефикасен фудбал. „Лисиците“ завршуваа во горниот дел од табелата.

Оваа сезона многу работи не одат како што посакува Роџерс. Тимот постигнува голови, но уште повеќе прима.

Поранешниот тренер на Ливерпул е под голем притисок, големи се шансите да не ја „преживее“ репрезентативната пауза.

Се споменуваше како негов наследник Томас Франк од Брентфорд, но денеска англиските медиуми пренесуваат дека Анге Постекоглу е првиот пик на челниците на Лестер.

Австралиецот со грчко потекло успешно го води Селтик, шкотскиот клуб моментално е прв во Шкотска. Тој има договор до крајот на следната сезона, а прашање е дали ќе ја прифати понудата од „Кинг Пауер“.

Scroll to Top