Top Sport

Лукаку се врати на тренинзите на Интер

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, се врати на тренинзите на тимот откако ја надмина повредата на бутниот мускул на левата нога, објави „Газета дело Спорт“. Белгиецот поради повредата ги пропушти последните шест натпревари на својот тим, а во негово отсуство „нероаѕурите“ загубија половина од тие натпревари во Серија А и во Лигата на шампионите.

Се очекува 29-годишниот напаѓач да се врати во игра за дербито против Рома на 1 октомври.

Лукаку има 3 настапи во Серија А од почетокот на оваа сезона, постигнувајќи еден гол и една асистенција.

Scroll to Top