Премиерлигашот Лестер Сити попладнево славеше против сезонава одличниот Шефилд Јунајтед со 2-0 и се зацврсти на четвртата позиција во Премиерлигата.
По 36 кола, Лестер има 62 бода, еден помалку од третопласираниот Челси и 3 повеќе од петтопласираниот Манчестер Јунајтед кој сега го игра мечот од ова коло, нагости кај Кристал Палас.
Првиот гол на „лисиците“ беше дело на Перез во 29 минута, а потврдата на победата стигна во 79 минута, стрелец Греј.
На вториот меч што играше во истиот термин, на „Гудисон“ во Ливерпул домашниот Евертон извлече 1-1 од Астон Вила, тимот кој грчевито се бори за опстанок во Премирлигата.
Гостите поведоа во 72 минута, преку Конса и беа на добар пат да ги освојат трите бода, важни за приклучот во борбата за опстанок.
Сепак, радоста им ја скрати Тео Волкот со погодок во 87 минута.
Астон Вила по овој пораз останува на -3 од Вотфорд и Вест Хем кои меѓусебниот меч од ова коло го играат утре.