Брендан Роџерс потпиша нов договор со Лестер сити, со кој ќе остане на чело на поранешниот англиски шампион барем до 2025 година, ставајќи крај на шпекулациите дека ќе стане следниот прв човек на Арсенал.
Тренерот од Северна Ирска има фантастични резултати со „лисиците“ откако пристигна од Селтик во февруари, предводејќи ги до второто место во Премиер лигата оваа сезона и со новиот договор добива значително зголемување на платата. 46-годишниот Роџерс, кој претходно беше тренер и на Ливерпул, беше еден од главните кандидати да го заменат Унаи Емери на клупата на Арсенал, така што управата на клубо реши да реагира.
Со оваа одлука, Лестер исто така сака да прати сигнал до самите фудбалери кои можеби планираат да заминат од клубот. Фудбалерот од средниот ред, Џејмс Медисон веќе подолго време е „мета“ на Манчестер јунајтед, додека Челси се заинтересирани да го земат дефанзивецот Бен Чилвел.
Future committed ? pic.twitter.com/7pxqtEOxXg
— Leicester City (@LCFC) December 6, 2019