Top Sport

Тим не е како Новак: Да си одам од Австрија во Монако поради данок? Не, благодарам

Австрискиот тениски ас, Доминик Тим, вели дека никогаш не би заминал од својата татковина за живот во Монте Карло или Дубаи поради даночните обврски, откако поголем број на тенисери и тенисерки (вклучувајќи го и Новак Ѓоковиќ), се преселија во Монако за да избегнат да платат голема сума за данок по огромните заработувачки во светот на тенисот.

„Нема шанси да се случи такво нешто. Монте Карло или Дубаи? Не можам да замислам да поминувам време таму наместо да си бидам дома. Во Австрија е преубаво и самата мисла да живеам на друго место ме излудува“, вели Тим.

26-годишниот Тим ја заврши најдобрата сезона во кариерата со пет АТП титули и со пораз на АТП финалето во Лондон од Стефанос Циципас.

Scroll to Top