Барселона подготвува голема реконструкција на екипата во летниот преоден рок. Според каталонскиот весник „Спорт“ клубот за да обезбеди пари за нови засилувања ќе продаде осум фудбалер. Трансферите на двајца од оние што ќе можт да заминат клубот го чинеа речиси 250 милиони евра.
Според весникот листата ја предводи Фелипе Кутињо. Бразилецот сезонава е позајмен во Баерн меѓутоа Баварците нема да го откупат неговиот договор. Интерес за Бразиелцот има кај неколку тимови од Премиерлигата.
Покрај Фелипе Кутињо на листата е и Антона Гризман кој по само една година минатата во клубот ќе добие дозвола да го напушти „Ноу Камп“.
Извесно е дека Барселона ќе ја напуштат и Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Самуел Умтити, Карлос Алења, Мартин Брејтвајт и бразилскиот голман Нето.