Top Sport

(Видео) Летонија ја Ерменија во квалификациите за ЕП

Фудбалерите на Летонија конечно забележаа победа во квалификациите за ЕП 2024.
Летонците ја победија Ерменија со 2:0 (1:0) на домашен терен, на стадионот Сконто во Рига.

Летонците во првите пет рунди имаа исто толку порази. Од друга страна Ерменија по трет пат загуби во овие квалификации и остана на седум бодови.

Летонија поведе во 39. минута кога Јанис Икауниекс со удар од десет метри ја затресе мрежата на Ерменија по центаршут од десната страна.

Интересно е што во 53. минута домашните останаа со десетмина бидејќи Марсис Ос заработи втор жолт картон.

Сепак, ниту тоа не ги спречи да стигнат до вториот гол.

Во 68. минута, по корнер од левата страна, Даниелс Балодис беше снаодлив во мешаницата пред голот и ја испрати топката во мрежата за конечни 2:0.

Scroll to Top