Top Sport

Реал го растури Ефес, Партизан убедлив кај Асвел

Дуелот на последните два освојувачи на кошаркарската Евролига, Анадолу Ефес и Реал Мадрид им припадна на гостите. Среде Истанбул, Реал славеше со 103:80. Убедлива победа во второто коло на гостински терен запиша Партизан кај Асвел (88:62). Басконија ја победи Алба во Берлин со 91:86, а Панатинаикос во меч со многу осцилации славеше над Баерн 78:71.

Два дена по победата над Далас во Мадрид, Реал го декласира Ефес среде Истанбул. Победата гостите ја најавија во првите осум минути кога стекнаа предност 26:9. Ефес со нестварна серија успеа да се врати на 26:24 и тоа беше се од домаќинот на овој натпревар.

Гершон Јабуселе беше најефикасен во победничкиот тим со 22 поени и осум скока, Фабијен Козер додаде 18, додека дабл-дабл учинок имаше Факундо Кампацо со 15 поени и 10 асистенции.

Кај Ефес најдобар беше Даријус Томпсон со 20 поени, еден помалку постигна Родриг Бубоа.

Scroll to Top