Реал Мадрид и Барселона повторно ќе го обноват своето ривалство во САД второ лето едноподруго, откако беше потврден нивниот пријателски меч на „AT&T стадионот“ во Арлингтон, Тексас на 29 јули, во еден од најубавите стадиони на светот и дом на НФЛ клубот, Далас каубојс.
Мечот ќе биде дел од „Сокер шампионската турнеја“, на која ќе учествуваат и Манчестер јунајтед, Арсенал, Јувентус и Милан во посебни осум меча низ Калифорнија, Лас Вегас, Тексас и Флорида.
Сепак, најголемо внимание предизвикува дуелот на најграндиозниот стадион на светот, стадионот на Каубојс со капацитет од 105.000 седишта и еден од најверојатните кандидати да бидат домаќини на финалето на Светското првенство во 2026 година.