Top Sport

Летово ќе има распродажба во Челси

Дебаклот од Баерн во Лигата на шампионите го уверил сопственикот на Челси дека треба да ги прифати сугестиите на тренерот Френк Лампард и во летниот преоден рок да тргне во реконструкцијата на тимот.

Челси сезонава играат по системот топло-ладно, а посебно се мачат како домаќини на „Стенфорд Бриџ“. „Сините“, во Премиер лигата оваа сеозна повеќе бодови освоиле надвор од својот стадион.

Англиските медиуми шпекулираат дека осум фудбалери сигурно ќе го напуштат Челси по завршувањето на сезоната.

Прв на спискот е најскапиот голман во светот Кепа Аризабалага кој има ужасна сезона. Тој на последните четири натпревари му е резерва на Вили Кабаљеро.

Желба на Лампард е Јан Облак од Атлетико, но тешко дека ќе може да стигне до него, бидејќи Словенецот има откупна клаузула од 120 милиони евра и годишна плата од м10 милиони евра.

Челси нема да им понуди нови договори на искусните Вилијан, Педро и Оливие Жиру, а Лампард е во потрага по ново решение на позицијата лев бек. Емерсон и Маркос Алонсо кои играат на оваа позиција ќе бидат продадени.

Бен Чилвел, левиот бек на Лестер и англиски репрезентативец, долго време се поврзува со Челси, но не се само „сините“ заинтересирани за него.

Промени ќе има и во одбраната, Лампард нема да сметал на услугите на Курт Зума, а веројатно и Андреа Кристенсен ќе го напушти клубот.

Кога станува збор за редот за врска, очекувањата на Лампард не ги исполниле Жоргињо и Рос Баркли. Клубот ќе се обиде да заработи и од нивните трансфери.

Според шпекулациите Лампард ќе имал 200 милиони фунти на располагање во летниот преоден рок за да ги изврши промените во тимот.

Scroll to Top