Top Sport

Лева им се заблагодари на поддржувачите и му честиташе на Меси

Роберт Левендовски во изборот на „Франс фудбал“ ја доби наградата за најдобра напаѓач во 2021 година. „Франс фудбал“ прв пат во својата историја ја додели оваа награда. Златната топка, седми пат во кариерата, ја доби Лионел Меси.

Пред, но и по свечената церемонија, многумина сметаат дека Левандовски, а не Меси, ја заслужил Златната топка. Полјакот лани не можеше да ја добие наградата бидејќи не се додели поради пандемијата на коронавирусот.

Откако церемонијата заврши, а страстите се смирија, Левандовски се огласи на социјалните мрежи. Му честиташе на Меси и се заблагодари на оние кои го поддржале.

„Најпрвин да му честитам на Меси. Сакам да му се заблагодарам на секој новинар што го даде својот глас за мене. Сметам дека направив многу во 2021 година. Ја освоив наградата за најдобар напаѓач, но ниту еден играч не може да освои индивидуална награда доколку нема помош од силен тим. Му благодарам на Баерн кој ми овозможи да ги исполнам сништата. Исто така благодарност до моите соиграчи од Баерн и репрезентацијата на Полска. Голема благодарност до навивачите чија поддршка ја чувствувам секојдневно“, напишал Левендовски на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Lewandowski (@_rl9)

Scroll to Top