Top Sport

Јокиќ го замолкна Мајами, блесок на Дончиќ и Вучевиќ

Никола Јокиќ со дабл-дабл го предводеше Денвер до победа во Мајами 120:111. Трип-дабл забележа Лука Дончиќ, во поразот на Далас од Кливленд 96:114. Никола Вучевиќ со дабл-дабл беше најдобра кај Чикаго во триумфот над Шарлот 133:119.

Цела Америка со нетрпение го очекуваше дуелот на Мајами и Денвер, односно соочувањето на Јокиќ и Морис, по инцидентот што се случи помеѓу нив двајца пред еден месец во Денвер.

Јокиќ се врати во тимот по пауза од шест натпревари, ги издржа провокациите од публиката и со 24 поени, 15 скока и седум асистенции, го предводеше тимот до победата. Во Мајами, Деневер ја прекинаа серијата од шест порази.

Јокиќ доби поддршка од Арон Гордон (20 поени), Бонзи Хиланд (19 поени) и Вил Бартон (14 поени).

На спортивната страна се истакна Бем Адебајо со 24 поени и 13 скока.

Дончиќ погоди седум тројки од 11 обиди, мечот со Кливленд го заврши со трипл-дабл од 25 поени и по 10 скока и асистенции. Бобан Марјановиќ за осум минути на теренот иамше учинок од 10 поени и четири скока. Кливленд ја однесоа победата од Далас благодарение на Џеред Ален (28 поени, 14 скока) и Лаури Марканен (24 поени).

Вучевиќ го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната, забележа 30 поени 14 скокови во победата на Чикаго над Шарлот. Вучевиќ доби поддршка од Демар Дерозан (28 поени) и Зек Лавин (25 поени).

Scroll to Top