Шампионот од Бундеслигата, Баерн Минхен, не успеа да слави на отварањето на новата сезона во Германија, откако на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах одигра 1:1 во првиот официјален меч под водство на новиот тренер Јулијан Нагелсман.
Аласан Пле уште во 10. минута ги донесе „ждребињата“ во водство по лошата реакција на одбраната на Баварците, но Роберт Левандовски успеа да израмни со убав гол во 42. минута, за да продолжи каде што застана – секогаш да биде „џокерот“ на Баварците.
Сепак, и покрај тоа што второто полувреме помина во знакот на Баерн, до крајот на мечот немаше голови, за неубедлив старт на првите фаворити за германската круна.