Top Sport

Левандовски им „плати“ на навивачите на Дортмунд за извиците: Меси, Меси!

Баерн Минхен стигнаа до 3:2 победа во вчерашниот „Дер класикер“ на гости кај Борусија Дортмунд, а нивната прва ѕвезда Роберт Левандовски постојано беше пречекуван со извици „Меси, Меси“, нешто што го мотивираше Полјакот, вели тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман.

Левандовски постигна два гола, од кои вториот од пенал, истата недела во која контроверзно ја загуби „Златната топка“ од Лионел Меси. Фановите на Дортмунд, чиј херој беше Лева во четирите сезони во нивниот клуб, постојано го извикуваа името на Меси и Нагелсман вели дека бил мотивиран.

„Тоа го тераше напред. Постигна два гола и им врати за сите извици Меси на стадионот“, изјави Нагелсман по мечот.

Scroll to Top