Top Sport

Како Златан сфатил дека Манчестер јунајтед се клуб со „мал менталитет“

Златан Ибрахимовиќ во својата кариера играше за некои од најголемите фудбалски клубови, но Швеѓанецот очигледно не ги вбројува Манчестер јунајтед меѓу нив, откако во новата автобиографија зборува за „малиот менталитет“ на клубот.

40-годишниот Швеѓанец пристигна во Јунајтед од ПСЖ во 2016 година, и имаше 28 гола во првата сезона за „ѓаволите“, пред да го повреди коленото, и да се пресели во Лос Анџелес галакси. Во автобиографијата „Адреалин“, тој пишува дека е изненаден што еден од најбогатите и најмоќни клубови на светот му скратил 1 фунта од платата за тоа што си земал еден сок од заедничкиот фрижидер на гостување.

„Едно нешто ме изненади – сите сметаа дека Јунајтед е врвен клуб, еден од најбогатите и најмоќните на светот кога ќе се гледа однадвор. И јас мислев така, но кога пристигнав таму најдов мал, затворен менталитет. Еден ден бев во хотелот со тимот пред натпревар, бев жеден и го отворив мини-барот и најдов сок. Игравме и се вративме дома. Стигна платата, обично не ја гледам, и само на крајот на годината разгледав што се случи. Се зачудив зошто ми е одземена една фунта од платата. Го повикав менаџерот: ‘Зошто ми одземавте фунта од платата?’. Тие разгледаа и ми кажаа: ‘За сокот од мини-барот’. Ви се верува ли? Една фунта? Такво нешто икогаш не би се случило во Италија. Тоа се деталите кои прават разлика и носат почит од фудбалерите“, пишува Златан.

Scroll to Top