Top Sport

Левандовски ја доби „утешната“ нова награда за „напаѓач на годината“

„Франс фудбал“, организаторите на најпрестижното индивидуално достигнување во фудбалот „Златната топка“, пред вечерашната гала во Париз објавија дека ќе се воведат две нови награди – за најдобар напаѓач и за најдобар тим во изминатата сезона, и првата од наградите отиде кај легендарниот напаѓач на Баерн Минхен и на полската репрезентација, Роберт Левандовски.

Многу скептици сметаа дека ова „доцно“ утврдување на двете награди треба да биде утеха за полскиот ас што ќе му избега „Златната топка“.

34-годишниот Лева постигна неверојатни 60 гола во 2021 за својот клуб и својата репрезентација, така што малкумина можат да му ја оспорат титулата на најдобар напаѓач на светот, а покрај тоа веќе седум сезони во низа има над 30 голови. Тој наградата ја доби од уште еден легендарен напаѓач, Дидие Дрогба.

Scroll to Top