Top Sport

Нова „Златна топка“ за Барселона, овојпат за Алексија Путелјас

Откако нивното „златно момче“, Педри стана добитник на „Копа трофејот“ како најдобар млад фудбалер до 21 година, Барселона може да се пофали дека има уште една голема награда од Париз вечерва, откако нивната фудбалерка Алексија Путелјас стана третата носителка на „Balon d’or femmenin“, односно женската „Златна топка“.

27-годишната Путелјас ја наследува Американката Меган Рапино (2019) и Норвежанката Ада Хегерберг (2018), како трета носителка на најпрестижната индивидуална награда во женскиот фудбал, откако минатата сезона како капитенка на каталонскиот клуб им донесе континентална тројна титула – во шпанската лига, во Купот на кралицата, и во Лигата на шампионите на УЕФА. Путелјас оваа сезона исто така ја освои и наградата за најдобра фудбалерка на УЕФА.

Scroll to Top