Top Sport

Левандовски на чекор од рекордот на Кристијано

Роберт Левандовски вели дека не е заинтересиран да го брка рекордот на Кристијано Роналдо и дека му е поважно со Баерн Минхен да стигне до трофејот од Лигата на шампионите, откако закажаа дуел со Барселона по 4:1 победата над Челси.

Полскиот голгетер има 53 гола во сите натпреварувања оваа сезона, откако постигна два гола и имаше една асистенција на „Алијанц арената“, а исто така има 13 гола во Лигата на шампионите оваа сезона, четири зад рекордот кој Кристијано Роналдо го постави во сезоната 2013/14.

31-годишниот Лева вели дека е заинтересиран само за победи, а не за индивидуални рекорди.

„Тоа не е цел за мене. Имаме нов нокаут натпревар во кој мораме да играме како тим и тоа е најважно. Мораме да покажеме дека сме подобри од Барса за полуфинале, а тие секогаш се опасен противник“, вели Левандовски.

Scroll to Top