Top Sport

Меси ќе биде подготвен за Баерн и покрај „нокаутот“

Лео Меси ги исплаши сите фанови на Барселона откако капитенот беше „патосиран“ од Калиду Кулибали во саботниот меч од Лигата на шампионите против Наполи, останувајќи на тревата подолго време.

Меси постигна фантастичен соло гол и го обезбеди пеналот за третиот гол (по стартот на Кулибали), за 3:1 победа над Наполи и пласман во четврт-финалето против Баерн Минхен.

Информациите од Барселона, пак, се позитивни и тврдат дека Меси не е сериозно повреден иако добил удар на левото стапало, кое сега му е отечено. Во клубот потврдија дека не се планирани медицински тестови и дека проблемот би се надминал со намалувањето на отокот.

Scroll to Top