Top Sport

„Црниот ѕвер “ Луис е кралот на УФЦ нокаутите – го „уништи“ Олејник

Дерик Луис, попознат како „Црниот ѕвер“, стана крал на нокаутите во тешката категорија, откако го „уништи“ Алекеј Олејник во втората рунда во главниот меч на УФЦ фајт најт во Лас Вегас.

Со овој финиш, Луис го оствари својот рекорден 11. нокаут во УФЦ, со што ги помина поранешните шампиони Каин Веласкез и Жуниор дос Сантош и сега е на второто место (со уште четири фајтери) без разлика на категоријата.

Луис „влета“ во втората рунда со луд удар на колено кој заврши во градите на Олејник, по што со силен удар со десната рака го прати противникот на подот, по што ја заврши работата.

„Не ми се верува дека сум рекордер по бројот на нокаути, бидејќи пред мене имаше големи фајтери како Брок Леснар и Каин Веласкез. Морам да останем скромен“, вели Луис.

35-годишниот Луис сега има четири победи во низа и седум во последните осум меча. Тој загуби од Даниел Кормиер во меч за титулата на УФЦ 230 во ноември 2018, но сега повторно е еден од кандидатите за титулата.

Scroll to Top