Полскиот фудбалер Роберт Левандовски ќе ја продолжи својата кариера во американската МЛС лига. Левандовски стана нов играч на Чикаго Фајер, со што по две децении го напушта европскиот фудбал.
37-годишниот напаѓач ги помина последните четири сезони во Барселона, за која одигра 193 натпревари и постигна 120 голови.
Во претходната сезона постигна 19 голови на 46 натпревари во сите натпреварувања.
Во текот на својата кариера, Левандовски играше и за Знич, Лех, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.
Во Бундеслигата одигра 562 натпревари и постигна 447 голови, што го прави еден од најефикасните стрелци во историјата на германското првенство.
Во текот на својата богата кариера освои шампионски титули во сите лиги во кои играше, а својот најголем клупски успех го постигна со Баерн, со кого ја освои и титулата европски шампион.
Со преселбата во Чикаго, Фајер Левандовски ќе игра надвор од европскиот континент за прв пат во својата професионална кариера.
Foto/ Depositphotos
