Top Sport

Левандовски реален: Сега е доцна за Реал Мадрид

Околу иднината на Роберт Левандовски и неговото евентуално заминување од Баерн Минхен се зборува веќе две години, а посебно по неговото ангажирање на агентот Пини Захави, кој наводно требаше да го однесе во Реал Мадрид во 2018 година.

Сега, Полјакот за „Л’Екип“ признава дека нема да има трансфер во „кралскиот клуб“, иако бил заинтересиран и пред да дојде во Баерн Минхен од Борусија Дортмунд во 2014 година.

„Пред пет-шест години имаше нешто во воздухот… Сега? Сега е веќе доцна. Имам 31 година и сакам да одиграм уште неколку сезони. Во Баерн сум многу среќен и ако погледнете последните 10 години Баерн постојано е во полуфиналето, четврт-финалето или финалето на Лигата на шампионите. Кога играте за еден од најдобрите клубови на светот, тешко е да си заминете“, вели Левандовски.

Во 20 настапи во сите натпреварувања, Левандовски покажа дека повторно е во топ-форма, постигнувајќи 27 гола, од кои 16 во Бундеслигата.

Scroll to Top