Top Sport

Левандовски се повреди против Андора, не игра против Англија!

Роберт Левандовски, човекот кој последните две сезони игра во најдобрата форма во кариерата, ќе го пропушти мечот на Полска против Англија, откако одигра само еден час против аутсајдерот Андора (и постигна два гола) во неделата.

32-годишниот напаѓач на Баерн Минхен сега ќе отсуствува во клучниот меч на Полска, а доколку повредата се покаже како сериозна, нема да биде достапен ниту за мечевите на Баерн од Бундеслигата и од Лигата на шампионите следните десетина дена.

„Тестовите покажаа оштетување на лигаментите на десното колено, а бидејќи следниот меч е толку бргу, капитенот нема да биде дел од репрезентацијата за да не ја влоши повредата. Третманот на оваа повреда трае од 5 до 10 дена, што значи дека Роберт Левандовски ќе се врати во Баерн Минхен, каде што ќе ја продолжи рехабилитацијата“, се вели во објавата на Полската фудбалска федерација

Scroll to Top