Top Sport

Левандовски шоу во Гелзенкирхен (Видео)

Актуелните германски шампиони Баерн Минхен ја запишаа првата победа во новата сезона. По киксот против Херта (2-2), Баерн вечерва убедливо славеа во Гелзенкирхен против Шалке со 3-0.

Победата на Баерн им ја донесе Роберт Левандовски кој ги постигна трите гола. Полјакот во 20 од пенал, а потоа го завери триумфот со головите во 50 и 75 минута. Баерн имаа во текот на мечот уште неколку добри шанси за да го декласираат противникот.
Резултати:

Хофенхајм-Вердер 3:2
Аугзбург-Унион Берлин 1-1
Диселдорф-Баер Леверкузен 1-3
Падерброн-Фрајбург 1-3
Мајнц-Борусија Менхенгладбах 1-3

Scroll to Top