Top Sport

Зидан: Имаме многу проблеми

Реал Мадрид, вечерва не успеа да го победи Валјадолид. Натпреварто заврши 1-1, откако Бензема постигна гол во 82 минута, а израмни Гвардиола шест минути подоцна.

По првиот кикс во сезоната тренерот на Реал, Зинедин Зидан, бил незадоволен од она што го прикажале неговите играчи.

„Не можеме да бидеме среќни со ваков резултат, постигнавме гол во 82 минута, а потоа тие израмнија. Поради тоа сме лути. Погрешивме во таа акција, не бевме добро поставени. Смееме да ја губиме топката то не смееме да ги губиме позициите во одбраната. Проблемот не е од физичка природа. Имаме многу проблеми, бевме лоши во второто полувреме. Требаше да го „затвориме“ мечот кога постигнавме гол“, заклучил Зидан.

Scroll to Top