Top Sport

Дивац ги напушта Сакраменто Кингс

По пет години, Владе Дивац си даде оставка од позицијата генерален менаџер и потпретседател за кошаркарски операции на Сакраменто кингс, еден ден откако неговиот тим не успеа да обезбеди место во плејофот во НБА лигата.

„Ова беше тешка одлука, но веруваме дека е вистински пат за нас за да изградиме победнички тим. Му благодариме на Владе за лидерството, посветеноста и напорната работа и тој секогаш останува дел од нашето семејство“, вели сопственикот на Кингс, Вивек Ранадиве.

Дивац ќе биде привремено заменет од Џо Думарс, кој ќе учествува во потрагата на постојан генерален менаџер. Думарс, кој беше кошаркар на Детроит пистонс во кариерата, работеше како своетник со Кингс од 2019 година. Се верува дека и работата на тренерот Лук Волтон е неигурно по 31-41 скорот оваа сезона.

„Беше чест и привилегија да се биде генерлаен менаџер на Кингс. Сакам да се заблагодарам за шансата на Вивек и да се заблагодарам на сите колги кои ги имав во тимот“, вели Дивац.

Во текот на владеењето на Дивац, Кингс ги избраа Марвин Бегли, Де’Арон Фокс, Зек Колинс и Маркис Крис во првата рунда на НБА драфтот, но во 2018 година не го избраа Лука Дончиќ како втор пик, земајќи го Бегли, што се смета за најголема грешка на Дивац.

Scroll to Top