Баерн ја декласира Црвена ѕвезда синоќа во Белград со 6:0. Четири гола постигна Роберт Левендовски. Под водство на новиот тренер Ханс Флик на четири натпревари Баварците имаат гол разлика 16:0.
Низ историјата многу фудбалски ѕвезди играле на стадионот „Рајко Митиќ“ поранешна „Маракана“, но никој не успеал да постигне четири гола за 14 минути и 31 секунда. Левандовски го совлада Борјан во 53, 60, 64 и 67 минута.
Полјакот има постигнато десет гола во Лигата на шампионите, просек од два гола по натпревар, а сезонава на 20 натпревари во сите конкуренции постигнал 27 гола.
На последните девет натпревари во Лигата на шампионите Левандовски има постигнато најмалку еден гол, а со 46 гола е рекордерот на Баерн во Лигата на шампионите.
? @lewy_official pic.twitter.com/5hgF0n9lMC
— FC Bayern München (@FCBayern) November 27, 2019