Фудбалерите на Леванте, без услугите на нашиот репрезентативц Енис Барди (повреден е) триумфираа кај „фенерџијата“ во Ла лига, тимот на Легањес со 2-1.
Гостите поведоа со голот од пенал на Роџер Марти во 45 минута.
Во 49 минута во второто полувреме веќе беше 0-2 за гостите, стрелец од слободен удар, Кампања.
Домашните фудбалери преку нововлезениот Брајтвајт во 76 минута намалија на 1-2. Истиот играч пропушти одлична можност да биде херој на својот тим. Во 79 минута Легањес доби пенал, но ударот од белата точка остана нереализиран.