Top Sport

Леванте ги отпушти тренерот и тројца директори

Леванте по 15.кола се единствени без победа во Примера. Со седум бода, клубот чии дрес го носи Енис Барди се наоѓа на последното место на табелата.

Секогаш кога на екипата не и оди цехот го плаќа тренерот. Пред два месеци Леванте го отпуштија Пако Лопез, а денес отказ доби и човекот кој го наследи на функцијата Хави Переира.

Переира забележаа полоши резултати од Лопез. Освои само три бода во седум натпревари.

Изборот на Переира беше изненадување за шпанската јавност, бидејќи тој во кариерата најчесто работел како помошник. Прв тренер бил само во Алавес 2009-2010 и во Хенан од каде што се пресели во Леванте.

Покрај тренерот Переира, претседателот на Леванте, Кико Каталан, ги отпушти и директорите Маноло Славадор, Давид Наваро и Ману Фахардо. Нивната вина е што му го препорачале Переира за тренер.

Каталан изјавил дека Леванте има доволно време да за сврти сезоната. До крајот на неделата тој ќе објави кој ќе го води тимот до крајот на сезоната.

Scroll to Top