Top Sport

ЛШ: И Кјелце му го „зеде мерка“ на шампионот Монпелје

Европскиот шампион Монпелје има кошмарен старт на одбраната на титулата во Лигата на шампионите, доживувајќи го третиот пораз во низа и втор на домашен терен, откако полскиот Кјелце ги изненади со 29:26 (16:14) победа.

Тимот на Патрис Канаер не поведоа ниту еднаш во текот на целиот меч, додека полските шампиони предноста од два поени на полувремето не ја загубија ниту во второто полувреме за импресивна победа. Монпелје од друга страна веќе загуби од Вардар и од Мешков Брест и е на дното во групата А.

Алекс Душебаев имаше 10 голови за Келце, додека уште еден поранешен вардарец, Лука Циндриќ имаше само два гола од осум обиди. Кај домаќините Мелвин Ришардсон беше најдобар со шест гола.

Во вториот вечерен меч, Елверум со 30:25 (18:13) ја продолжи лошата низа на шпанскиот Адемар Леон.

Scroll to Top