Top Sport

Само „нула“ за Интер кај Џенова, четири меча без победа за „нераѕурите“

Интер пропуштија нова шанса да го искористат „киксот“ на Милан и да избијат на првото место на табелата, откако на гостувањето на „Луиџи Ферарис“ кај Џенова одиграа само 0:0, за да имаат серија од загрижувачки четири меча без победа во Серија А.

По ремито на Милан со Удинезе (1:1), со победа Интер ќе се израмнеа со градските ривали по бројот на поени, а поради подобрата гол-разлика ќе беа на првото место.

Но, наместо тоа, продолжи серијата на Џенова од пет меча во кои одигруваат нерешено за да стигнат до 17 поени, далечни пет од безбедната зона во Италија.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top