Top Sport

Леванте со убедлива победа кај Гранада, уште постои надеж за опстанок

Леванте ја забележа својата втора победа во последните три меча, триумфирајќи со убедливи 1:4 кај Гранада за да ги заддржи надежите за опстанок во Ла лига по катастрофалниот старт на сезоната. Енис Барди остана на клупата на гостувањето во Андалузија.

Дани Гомез го отвори резултатот во 17. минута по убавата асистенција од Хозе Луис Моралес, пред капитенот Моралес во 56. минута од пенал да зголеми на 0:2, по стартот на Херман Санчез, кој доби црвен картон. Морлес фантастичниот меч го заврши со уште една асистенција во 77. минута до Микаел Малса. Алекс Колјадо го постигна утешителниот гол за домаќините во 92. минута од мечот, пред ветеранот Роберто Соладо ди постави конечните 1:4 во 95. минута.

Со победата, само петта оваа сезона, Леванте е на 19. место на табелата со 25 поени, четири од безбедната зона во шпанската елита, додека Гранада се на 16. место со 29 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top