Top Sport

Циципас е мајсторот во Монте Карло, стави крај на серијата на Давидович Фокина

Стефанос Циципас ја одбрани својата титула од Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло, откако по лута битка во вториот сет со 6:3/7:6(3) го совлада сензационалниот Шпанец, Алехандро Давидович Фокина за да најави дека ќе биде сериозен кандидат за титулата на Ролан Гарос.

Давидович Фокина, кој на турнирот го елиминираше првиот фаворит, светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ во второто коло, имаше одличен старт на мечот, правејќи брејк за 2:1 водство, но Циципас веднаш врати со рибрејк, за во седмиот сет да направи уште еден брејк за да го освои првиот сет. Вториот сет беше епски, во кој двајцата тенисери направија по два брејка, по час и 6 минути игра, пред грчкиот тенисер да биде посмирен во финишот и да го реши мечот во тај-брејк.

За петторангираниот Циципас оваа е осма титула во кариерата и втора Мастерс 1000 титула, а минатата година во своето прво гренд слем финале загуби од Новак Ѓоковиќ во Париз. За 22-годишниот Давидович Фокина, пак, ова беше најдобра недела во неговата кариера и ова беше негово прво АТП финале.

Scroll to Top