Top Sport

Леверкузен со пресврт во полуфиналето на ДФБ купот (видео)

Баер Леверкузен им се приклучи на Баерн Минхен и на четвртолигашот Сарбрикен во полуфиналето на Германскиот куп, откако со пресврт триумфираше со 3:1 над Унион Берлин, кои 72 минути имаа водство на „Бајарената“. Вечерва за последното место во полуфиналето ќе се борат Ајнтрахт Франкфурт и Вердер Бремен.

Маркус Ингвартсен им донесе неочекувано водство на Унион Берлин во 39. минута од мечот, по што гостите успеваа да се одбранат до 71. минута, кога останаа со играч помалку по вториот жолт картон на Криштофер Ленц.

Карим Белараби израмни веднаш потоа, Арангуиз во 86. минута донесе водство за „фармацевтите“, пред Муса Дијаби во 92. минута да го постави конечниот резултат.

Scroll to Top