Top Sport

Калиниќ ги „крена“ Фенербахче над Звезда (видео)

Фенербахче „преживеа“ и успеа да стигне до 66:63 победа над Црвена звезда во Евролигата најмногу благодарение на поранешниот „звездаш“ Никола Калиниќ во интересен меч во Истанбул.

Откако двата тима не постигнаа поени речиси две минути, Калиниќ на 40 секунди предност погоди за три предност на домашниот тим, која се покажа како одлучувачка. Стратос Пепероглу имаше шанса да го однесе мечот во продолжение, но го утна последниот обид на мечот.

Фенербахче играше без Костас Слукас и Џејмс Нанали, и сега со 13-14 се искачи на седмото место во Евролигата, само една победа зад Панатинаикос (14-13) по лошата серија минатата гоидна.

Фенер го заврши првото полувреме со четири поени предност (41:37), но Звезда имаше 10:2 серија на стартот на второто полувреме и дојде до водство 47:43. Фенербахче израмни на 51:51 на крајот на третата четвртина.

Калиниќ беше најдобар стрелец за Фенер со само 10 поени, а за Звезда Браун и Кевин Пантер имаа по 14 поени.

Scroll to Top