Top Sport

Ли: „Елиот“ се мршојадци, јас ќе се борам за Милан

Поранешниот сопственик на Милан, кинескиот бизнисмен Ли Јонгхонг им порача на новите сопственции, американската фондација „Елиот менаџмент“ дека ќе се бори за контролата на клубот од „мршојадците“.

Ли беше „исфрлен“ од „Елиот“ откако не врати 32 милиони евра рата за позајмицата која ја зеде за да го откупи Милан од Силвио Берлускони, но сега вели дека компанијата го излажала и го спречила да го продаде клубот по финансиските проблеми. Во отворено писмо објавено преку „Ил соле 24“, Ли влезе во остар напад на американската компанија.

„По сите некоректни шпекулации во италијанскиот и светскиот печат, можам да потврдам дека на состанокот на акционери на Милан свикан за 21 јули, ќе биде потврден мојот излез од клубот. Мојата одлука да го купам Милан не беше избрзана или емотивна одлука, туку навистина верував во економскиот потенцијал на еден од најдобрите фудбалски клубови на светот. До 30 јуни 2018 година, платив речиси 880 милиони евра за Милан, од кои само 280 милиони беа земени од ’Елиот’, за кои мислев дека се доверлив партнер. Направив грешка со таа доверба, бидејќи ’Елиот’ се покажаа незаинтересирани за доброто на Милан. Нивното однесување беше како на ’мршојадец’. Кога имаше шанса да се продаде тимот на престижен купувач, кој имаше интерес за долгорочна инвестиција во клубот, ’Елиот’ не го дозволија тоа. До сите фанови имам порака дека вложив над 200 милиони евра во клубот и подготвен сум за борба за клубот. Сите обиди да се намали вредноста на Милан ќе бидат решени преку суд“, се вели во писмото на Ли.

Судот ја прифати жалбата, Милан ќе игра во Лига Европа

Scroll to Top