Top Sport

Лидс би сакале да го добијат Елмас, но тоа ќе ги чини скапо

Лидс јунајтед би сакале во своите редови да донесат уште еден македонски репрезентативец покрај Езѓан Алиоски, тврди британскиот „Атлетик“, кој додава дека Елиф Елмас би бил совршено засилување за тимот на Марсело Биелса.

„Белите“ по одличната повратничка сезона во Премиер лигата, би сакале да се засилат со креативен играч од средниот ред, со повеќе имиња во игра, помеѓу кои и Родриго де Паул.

Според „Атлетик“, Лидс последните 12 месеци ги следеле настапите на Елмас и уште се заинтересирани за него, иако за тоа ќе треба да му платат околу 14.5 милиони фунти на Наполи. 21-годишниот Елмас не добиваше многу шанси од Џенаро Гатузо, и останува да се види какви планови има новиот тренер на тимот, Лучано Спалети.

Scroll to Top