Top Sport

Лаутаро одбил да го продолжи договорот со Интер

Агентот на Лаутаро Мартинез потврди дека Аргентинецот ја одбил последната понуда од Интер за продолжување на договорот со зборовите: „Среќни сме со тоа што го имаме засега“.

Договорот на напаѓачот завршува во јуни 2023 година, и „нераѕурите“ се обидоа со нов договор да осигураат дека тој ќе остане подолго време на „Сан Сиро“ или да извлечат што е можно повеќе пари од неговата продажба. Во неговиот договор има откупна клаузула од 111 милиони евра, но се верува дека Интер по сите финансиски проблеми би го пуштиле и за 90 милиони евра.

„Тоа се преголеми суми. Секој има своја цена и иако Интер не зборуваат за продажба, мораме да видиме што ќе донесе овој преоден рок. Ни понудија нов договор, но им одговоривме дека сме среќни со тоа што го имаме засега“, вели неговиот агент Алехандро Камано за каталонскиот спортски весник „Спорт“.

Самиот Лаутаро призна дека бил блиску до трансфер во Барселона минатото лето, пред преговорите да пропаднат.

Scroll to Top