Top Sport

Лидс го потврди трансферот на Кристенсен

Расмус Кристенсен од Салцбург е ново засилување на Лидс. Клубот потврди дека 24-годишниот десен бек потпишал петгодишен договор. На новите соиграчи ќе им се приклучи на 1 јули.

Кристенсен, повторно ќе соработува со тренерот Џеси Марш. Американецот му беше тренер и во Салцбург.

“Ме донесе во Салцбург од Ајакс. Кај него напредував, станав подобар фудбалер. Тој е една од главните причини зошто сум тука. Мислам дека се вклопувам во неговиот стил на фудбал”, изјави данскиот репрезентативец. .

Кристенсен ја започна својата кариера во родната Данска, во Митјиланд, а потоа играше за Ајакс пред да се пресели во Салцбург.

Тој е второто засилување на Лидс од Салцбург, откако минатиот месец во тој тим дојде американскиот играч за врска Бренден Аронсон.

Кристенсен минатата сезона одигра 44 натпревари за Салцбург и постигна десет гола.

Scroll to Top