Top Sport

Џек Милер повторно ќе вози за КТМ

Возачот на Дукати, Џек Милер од наредната сезона ќе вози за „Ред Бул КТМ“, во Мото ГП шампионатот. Австралиецот на тој начин се враќа во тимот со кој беше вицешампион во категоријата Мото 3 во 2014 година.

Милер моментално е деветти во шампионатот со 65 освоени бодови. Негов колега во следните две сезони ќе биде Бред Биндер.

Милер во КТМ доаѓа на местото на Мигел Оливеира, кој со четири победи во последните три сезони е најуспешен возач на моделот „РЦ16“. Португалецот треба да ја продолжи кариерата во „Гресини“, каде ќе го замени Енеа Бастианини. Италијанецот е кандидат за место во фабричкиот тим на „Дукати“.

Покрај Бастианини, кој сезонава три пати беше на највисокото скалило на подиумот, за таа позиција во игра е и Хорхе Мартин од „Прамак Дукати“.

Следната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози во Германија на патеката Заксенринг на 19 јуни.

Scroll to Top