Top Sport

Лидс го потврдија отказот за Биелса, Марш прв фаворит за неговото место

Лидс јунајтед потврдија дека се разделуваат со аргентинскиот тренер Марсело Биелса по успешни три и пол години по вчерашниот домашен пораз од Тотенхем и само еден освоен поен во последните 6 меча, кој го остава клубот на само два поени од зоната за испаѓање во Премиерлигата.

Се очекува поранешниот тренер на РБ Лајпциг, Американецот Џеси Марш да биде замената за Биелса, откако клубот потврди дека неговиот менаџер ќе биде промовиран во понеделник.

„Ова беше најтешката одлука која сум ја направил, поради фантастичниот успех кој го имавме под Марсело, кој ги врати добрите времиња на ‘Еланд Роуд’. Тој донесе победнички менталитет во клубот, а сезоната 2019/20 кога се вративме во Премиерлигата ќе остане секогаш во нашите сеќавања. Сепак, морам да реагирам за доброто на клубот и потребна е промена за да го осигураме статусот во премиерлигата“, вели претседателот на клубот, Андреа Радрицани.

66-годишниот Биелса беше именуван во јуни 2018 по отказот за Пол Хекингботом, и ги предводеше повеќе од три сезони, откако пред него имаше осум менаџери во три и пол години.

Scroll to Top