Top Sport

Јастремска вчера избега од Одеса, следната недела ќе игра тенис во Лион!

Украинската тенисерка Дајана Јастремска успеала да избега од Украина со својата помлада сестра, но планира да игра на Лион опен, кој стартува од понеделник. 21-годишната Јастремска живее со семејството во Одеса,  но заедно со својата помлада сестра успеала да пребега во Романија, од каде ќе отпатува за Франција.

„Откако поминавме три дена во подземен паркинг, моите родители направија одлука по секоја цена јас и мојата помлада сестра да заминеме од Украина. Мама, тато, ве сакам, чувајте се. Украинци, чувајте ги своите животи“, објави таа на Инсаграм.

Освојувачката на три ВТА титули потврди дека планира да игра против Романката Ана Богдан од понеделник.

Scroll to Top