Лидс Јунајтед, екипата предводена од Марсело Биелса каде настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски со цел плен се враќа од гостувањето кај Шефилд Јунајтед. Минимално со 1-0 Лидс го совлада домаќинот благодарение на голот кој во 88 минута го постигна Бамфорд на асистенција на Харисон.
Алиоски влезе во игра во 91 минута и ги одигра последните 5 минути од мечот.
По три одиграни кола во Премиерлигата, Лидс котира високо на табелата со 6 освоени бодови. По воведниот пораз со 4-3 на „Енфилд“, пулените на Биелса минатото коло со 4-2 славеа против Фулам, а денеска минимално победија и кај Шефилд кој остана закован на дното без ниеден бод досега, а притоа немаат постигнато ниту гол.