Top Sport

Лидс Јунајтед го отпушти Џеси Марш

Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед потврди дека го отпушти менаџерот Џеси Марш. Тој ја презеде менаџерската улога во клубот во февруари минатата година и беше клучен за задржувањето на Лидс во Премиер – лигата минатата сезона.

Лидс Јунајтед моментно е над зоната за испаѓање, но е израмнет по бодови со Евертон, кој е на 18. место, првата позиција кој води во Чемпионшип на крајот од сезоната.

Од клубот соопштија дека се во потрага по нов тренер.

Последната лигашка победа Лидс ја постигна на почетокот на ноември минатата година. Во следните седум натпревари освои само три од можни 21 бод.

Scroll to Top